Press "Enter" to skip to content

Традиционална грузиска храна се дегустираше во “СН“ Бар и ресторанот (фотогалерија)

За грузиската храна велат дека е нешто што ги обединува луѓето. А ние тоа го почуствувавме откривајќи дел од тајните на традиционалната грузиска кујна, велат вработените од “СН Осигурителен Брокер“ и “СН Сообраќајниот центар“ во Битола кои едно од заедничките дружења го зачинија токму со вкусовите на грузиската традиционална храна.На прашањето зошто ја избрале грузиската кујна појаснуваат дека откако делегација на “СН Осигурителен Брокер“ АД Битола неодамна оствари деловна посета на Грузија идејата била убавините на оваа земја да ги почувствуваат и другите вработени во “СН Групацијата“. А храната е најдобар амбасадор на секоја нација, порачуваат.Затоа “СН“ Бар и ресторанот за вработените во “СН Осигурителен Брокер“ и “СН“ Сообраќајниот центар подготви традиционални грузиски Хинкали. Се работи за вкусни кнедли полнети со месо измешано со зачини и зеленчук. На менито се најдоа и специјалитети од македонската традиционална кујна, како питулици, ајвар, селско месо, тавче гравче…Но, најдобрата страна на дегустацијата на македонско-грузиска храна е се разбира дружењето. Искуство кое си ветивме дека ќе го повториме, порачаа вработените од СН групацијата.