Урбаната мобилност, како и управувањето со отпад и води, се главните области на форумот за градоначалниците од Западен Балкан кој се одржува во Прага, а на кој присуствуваат делегации од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија, составени од амбасадори, министри од овие држави, како и претставници од избраните општини.Од Македонија, на форумот присуствуваат претставници на НАЛАС, ЗЕЛС, општините Скопје, Струмица, Берово, Куманово, Тетово, Штип, а општина Битола ја претставуваат градоначалникот Тони Коњановски и секретарот на општината Борче Димитровски.За време на форумските сесии се разговараше за економската соработка на Западен Балкан на полето на зелена и дигитална транзиција, беа претставени добри примери и локални стратегии за развој на паметни градови, а една од темите беа и иницијативи и проекти за поддршка на решенија за паметни градови во Западен Балкан.Дел од реализираните активности изминатите два дена, беше и посетата на јавното претпријатие за транспорт во градот Храдец Кралове , како и фабриката за производство на автобуси со акцент на електричните автобуси и современата технологија. Организатори на економскиот форум се Министерството за надворешни работи и Министерството за индустрија и трговија на Чешка, која во моментот претседателствува со ЕУ.
Општина Битола на саемот за паметни градови во Прага
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)