Синоќа во Битола, в0 голеламата сала на Центарот за култура во Битола започна 14. издание кое беше отворено со настапот на португалската уметница Јоана Амендоеира, која го негува правецот на новата фадо генерација, која во Битола настапи со нејзиниот бенд.Покрај отворањето битолчани денес и утре ќе можат да уживаат во концерти на исклучителни музички имиња во рамките на Фестивалот на музика од светот, во организација на Центарот за култура од Битола, за што директорката на отворањето уште еднаш потенцира:-Ова е еден од фестивалите кои имаат за цел да ја воспитаат публиката. Многу често зборуваме дека сите големи работи се случуваат во Скопје и дека ако сакаме да чуеме квалитетен концерт, мора да патуваме. Јас се радувам што имаме можност тоа музичко уживање да им го донесеме дома на битолчани.Денес ќе прозвучи музика што е блиска на овие простори, кога ќе настапи групата „Фонтана“, заедно со камерниот оркестар „IWConnect“, а специјални гости се Даница Крстиќ, вокал од Србија, Ангел Демирев, гитарист од Бугарија и Џамбо Агушев на труба. Овој концерт е распродаден во рекордно време, а и билетите за другите концерти се при крај.
Со концерт на Јоана Амендоеира од Португалија започна 14. издание на Фестивалот на музика од светот (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Реобјавено од 3 ноември 2023 година: Во Битола премиера на претставата “Куфер.МК“ (фотогалерија)
- Премиера на монодрамата “КУФЕР.МК“ на Соња Михајлова во Народен театар Битола (фото)
- Битолскиот театар се подготвува за одбележување на јубилејот 80. години постоење
- Трета награда за КУД “Стив Наумов“ Битола на интернационалниот хорски фестивал во Херцег Нови
- Екипата на Битолски театар на прием во Македонската амбасада во Полска