Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 го победи во Битола Голден Арт директниот ривал за плеј-офот (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер 2 – Голден Арт 25:21 (13:10)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола,  гледачи: 300
Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески

Еурофарм Пелистер 2: Јовановски, Печурица, Д. Јанковски, Бошњак, Ристевски 1, Кукуловски 5, Митревски, Димовски, Талевски 6, Петровиќ 1, Пет. Атанасијевиќ 5, Ивановски, Буторац 5, Белистојановски 1, Блажевски, Арсеновски 1

Голден Арт: Даскаловски, Виларов, Трајковски, Даев 2, Гучевски 1, Шилегов 6, С. Јанковски, Рајатовски 3, Миланов 3, Павличковски, Илиев 1, Налетовски 1, Милошески 2, Гошевски 2.Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 во Битола, на свој терен со победата над Голден Арт, директниот ривал за пласман во плеј-офот, во вистински момент им ставија крај на поразите во Суперлигата, на радост на своите љубители.Стартот на натпреварот им припадна на гостите кои неколкупати имаа предност од два гола, но младите пелистерци на средината на полувремето ја презедоа контролната врз натреварот. Таквата игра резултираше со тоа што Еурофарм Пелистер 2 поведе и +4 гола разлика, а на крај од првото полувремето беше +3 (13:10).Стартот на второто полувреме беше како и крајот на првото, доминација на “пелистерци“. оведните минути во вториот целосно им припаднаа на домаќините. Талевски и Буторац добија поддршка од Кукуловски донесоа +6 гола. Голден Арт немаше решение и само до крајот на натпреварот ја намали разликата на 25:21.Најефикасен кај “пелистерци“ Стефан Талевски со 6 гола, а Буторац, Атанасијевиќ и Кукуловски постигнаа по 5 гола.

More from ВестиMore posts in Вести »