Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: ноќеска 18 возачи возеле под дејство на алкохол, превентивни активности за законот за оружје

Во текот на изминатата вечер  (19/20.11.2022)во периодот од 23.00 до 03.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 18 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 33 останати прекршоци.
 
Превентивни активности на СВР Битола во врска со промените на Законот за оружје
Во текот на минатата недела полициските службеници од СВР Битола и сите ОВР при Секторот за внатрешни работи Битола, спроведоа низа на превентивни активности со претставниците на месните заедници, граѓани и ловни здуженија околу проблематиката со малото и лесно оружје. Притоа, полициските службеници уште еднаш ги презентираа законските промени во делот од Законот за оружје со кои е предвидено задолжителна замена на дозволите за оружје, најдоцна до крајот на задолжителниот рок – 04.06.2023.
More from ВестиMore posts in Вести »