Press "Enter" to skip to content

Терасата на ресторан “Вила Виста“ место за уживање во единствениот поглед

И во овој период на годината, кога температурите се пониски, ресторанот “Вила Виста“ ви ја предлага, сега, затворената тераса како оптимално место за есенско уживање со вкусна храна, ладни пијалоци, кафе… на чист воздух и идеален и едиствен поглед.

Терасата на “Вила Виста“ е позната како место од каде во секое годишно време, каде може да се восхитувате на погледот кој се пружа на околната природа, но сега кога, додека седите на терасата погледот кој допира до Битола, преку Пелагонија, до Кајмакчалам.

Обновена, со нов мебел, украсена со многу цвеќиња, идеална во есенските денови.

А ноќите се наменети за романтични вечери со поглед кон Битола и светлата во ноќта.

Ресторанот и пицерија “Вила Виста“ се наоѓа на околу 15-тина минути од Битола над Дихово, на патот кон Нижеполе.  Со својата местоположба во подножјето на Баба планина “Вила Виста“ го има најдобриот поглед, кој  се протега од потпелистерието, преку Битола се до Кајмакчалан.