Во неделата, на 20 ноември ова лето господово после десет и повеке години преставниците на МНР односно, амбасадорката Билјана Стефановска – Сековска и нејзиниот заменик д-р Викторија Чавковска остварија средба со македонците од Сиднеј.
Амбасадорката пред присутните кажа кои се обврските и надлежностите на Дипломатско конзуларните преставништва во Канбера и Мелбурн. Најави дека очекува повеке средби и заемна соработка со македонските друштва и организации.
Стана збор за начинот на издавање на македонските пашоши, полномоштва и др. На неколку часовната средба која се оценува како мошне продуктивна се отвараат вратите за соработка со австралиско-македонската заедница.
Како што изјави нејзината екселенција амбасадорката Билјана Стефановска Сековска дека претходно имале средби со Македонците во Перт, Мелбурн, Волонгонг, а наредниот ден во Сиднеј имаа средба македонските бизнисмени.
Средбата се одржа во просториите на Македонскиот културно образовен центар “Илинден“ веднаш до црквата “Св. Петка“ која дваесет и четири години беше вовлечена во суд од страна на владиката Петар кој во името на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ – ОА го водеше долгогодишниот суд кој проголта милиони долари од Македонската заедница.
Спорот го изгуби владиката Петар и САС на МПЦ – ОА и на крај за да се спаси она што може да се спаси ја поделија епархијата на два дела и сега двете епархии не функционираат како што треба.

Претставници на македонското конзуларно претставништво од Камбера во посета на македонската заедница во Сиднеј, Австралија (фото)
More from ДијаспораMore posts in Дијаспора »
- Во Сиднеј помен за Гоце Делчев и прославен денот на мајките
- Од Рокдаел, Австралија испратени 44 илјади долари во црквата “Св. Георгиј“ во Кочани за настраданите и повредените во трагедијата
- ФК Илинден од Рокдаел, Австралија со одзив и огромно сочуството за трагедијата во Кочани (фото)
- Стотици Македонци на панихидата за загинатите во Кочани во “Св. Петка“ во Рокдаел, Сиднеј
- Во организација на Битолското друштво од Сиднеј за 8. Март сите битолчани на едно место, во спортскиот центар “Илинден“ (фото)