Press "Enter" to skip to content

Жарко Пешевски: против вакви ѕвезди, како од Фуксе, треба среќен ден и поддршка од сите навивачи

Во Битола попладнево гостува екипа од најсилната лига во светот, екипата на Фуксе Берлин, а за тоа како Еурофарм Пелистер ќе го пречека бундес лигашот, кружниот натпреварувач, Жарко Пешевски, вели:

-По кратка пауза ни доаѓа еден екстремно силен тим од Бундеслигата, конкурент за освојување на титулата Фуксе Берлина. Што се однесува пак до нас, за тоа како го пречекуваме биндес лигашот, ќе кажам дека  се подготвуваме максимално. Ваков натпревар се игра пред полни трибини и тоа е мотив плус за нас. Имаме проблеми со повредени ракометари, но се консолидиравме и ќе го дадеме најдоброто од себе, а  за екипата на Фуксе, додава:

-Фуксе Берлин е екипа на ѕвезди, германски репрезентативци и интернационалци. Мислам дека се конкуренти за сите титули, играат брз ракомет, имаат одлична одбрана, потпомогнати со добри голмани. Тие се сериозна екипа и треба и ние да сме подготвени, да имаме среќен ден и поддршка од публиката. Така може да ја израдуваме битолската публика и да направиме чекор напред во групата, а за самиот натпревар вели:

-Секој натпревар е ново докажување, нова шанса за одличен натпревар. Имаат густ натпревар, играат секој втор ден, патуваат… Во Битола нема натпревар без притисок, така ќе биде и вечер, но со мирна глава и добра подготовка имаме шанса.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »