Press "Enter" to skip to content

Публиката во Битола достоинствена во поразот, со аплауз ги испратени двете екипи (фотогалерија)

Ни најголемите оптимисти, љубители на  не се надеваа на победа во Битола, но сепак голем број се најдоа на трибините во спорската сала “Боро Чурлевски“, да навиваат и да ги охрабрат ракометарите на Еурофарм Пелистер во “битката“ со германската супер екипа, Фуксе Берлин, која со право се бори за титула во Бундес ракометната лига.Пред натпреварот публиката по уводното навивачко загревање имаше прилика малку да ужива во сплетот на ора на играорците на КУД “Илинден“ од Битола, за веднаш потоа со аплауз да ги поздрават актерите на денешниот натпревар, ракометарите и официјалите лица.Почетотокот на натпреварот, по рамноравните минути само ја дозагреа атмосферата на трибините, но и потоа кога резултатот не беше во корист на “пелистерци“, туку напротив, имаа “дебела“ негатива, бодрењето продолжи.“Чкембарите“ останаа доследни на традицијата, па и денес подготвија убава кореографија составена од неколку транспаренти, а на натпреварот дојдоа со претходно договотрен “дрес код“, фармерки и црна маица.На крајот, по завршувањето на натпреварот публиката која ја имаше околу 3.000 со аплауз ги награди двете екипи, а со тоа спортски го признаа поразот, и им честитаа на германските ракометари за победата.

Фото: Дамјана

More from ВестиMore posts in Вести »