Press "Enter" to skip to content

Стевче Стевановски, градоначалник на Новаци со отчет за сработеното во измината година

Градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски, на истекот од едногодишниот период откако е на чело на Општината, со отчет пред граѓаните, на кој прво им се заблагодари за тоа што му ја дадоа довербата и зборуваше за сработеното, со реализираното од она што го вети во предизборна програма.

-Со својата енергична, чесна, одговорна и посветена работа, работа која носи подобро, во дослух со Вас, одговарајќи на вашите потреби и барања, ги креиравме нашите приоритети, обидувајќи се согласно можностите, да излеземе во пресрет на секој поединец, кој во Општина Новаци  ја гради и живее својата сегашност, ја планира иднината, својата и на своите деца.Една година, колку што стојам на располагање на жителите на Општина Новаци, не се многу долг период, но сепак, во овој временски интервал, водејќи се од дадениот збор пред Вас, вашата дадена доверба  и мојата одговорност кон дадените ветувања, оваа локална самоуправа успеа да реализира голем број проекти од голема важност за жителите на овој дел од Пелагонија, рече Стевановски.

-Од вкупно 130 проекти во мојата изборна програма, во оваа измината прва година реализирани се околу 58, дел од вкупниот број се во почетна или завршна фаза на реализација а останатите ќе бидат завршени во преостанатите три години од мојот мандат. Некои од проектите се развојни и повеќегодишни за чија реализација е потребен подолг временски период.

-На самиот крај на ова мое обраќање по повод 1 година од мојот градоначалнички мандат, сакам да истакнам дека во мојата работа ги следев модерните текови на живеењето кои нудат ефективно искористување на енергијата,  просторот и на сите други расположиви ресурси, при што реализирав проекти од кои се видливи иновативноста, одлучноста, планското и систематично работење, што треба да допринесат за долгорочни и квалитетни резултати. Верувам дека резултатите и придобивките што граѓаните ќе ги имаат за себе од реализираните проекти во изминатата година , но и од оние кои ќе бидат реализирани во следните три години, ќе траат и по завршувањето на мојот мандат.

Во овие изминати 365 дена, огромна беше честа да се биде градоначалник на Општина Новаци, но, уште поголема беше одговорноста што таа функција ја носи со себе. Работата на локалната самоуправа никогаш не сопира, посебно кога се работи за Општина каква што е Новаци, која е карактеристична по големата територија, големиот број населени места но мал број на население. Имајќи ја вашата доверба како чест, но и одговорност, секогаш вас, граѓаните ве имав како партнер во креирањето на стратешките цели, во креирањето на визијата за подобра Општина Новаци. Мислењето на Вас, граѓаните ми е многу важно и затоа го очекувам, особено барам корекција ако сме скршнале од вистинскиот пат. Вие Жителите на Општина Новаци секогаш сте најдобриот коректив.

More from ВестиMore posts in Вести »