Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: тешка сообраќајна незгода кај клучката Могила, повредени биле шест лица

На 22.11.2022 во 17.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат, кај клучка Могила, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 54 годишник од Прилеп и патничко возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 21 годишник од Битола.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил битолчанец на 56 години, сопатник во патничкото возило, констатирани во Градската болница Прилеп. Додека со телесни повреди се здобиле петмина сопатници во возилото, сите од Битола.

Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп“, додаваат од МВР.

More from ВестиMore posts in Вести »