Press "Enter" to skip to content

Валтер и Радовиќ на официјалната прес-конференција во Битола: тешко е да се парира на Фуксе, одигравме добро второ полувреме

Ракометарите на Еурофарм Пелистер синоќа во Битола беа поразени од Фуксе Берлин во рамките на третото коло во Европската лига на ЕХФ, но натпревар во кој немаа шанси за изненадување.  По натпреварот на официјалната прес-конференцијата се појавија тренерот Ларс Валтер и капитенот Мирко Радовиќ.

По натпреварот тренерот Ларс Валтер рече:-Честитки за гостите од Германија за извојуваната победа. Добро го отворивме натпреварот, но веднаш потоа имавме многу проблеми со враќањето во одбрана. Ова ни се случува вторпат оваа сезона и за да не ни се случи повторно мора да извлечеме поуки. Ми се допадна како одигравме во вториот дел. Не се предадовме и со оглед на тоа што во ростерот фалеа неколку ракометари, а се повреди и Сери, одлично го одработивме тој дел од натпреварот. Точно е тоа дека нивниот голман одбрани многу топки, но и ние промашивме многу зицери.

На прес-конференцијата своја анализа за одиграниот натпревар даде членот на пелистерци, Мирко Радовиќ.-Најпрво, би сакал да му честитам на Фуксе Берлин за победата. Беше тешко да се игра без неколку повредени играчи, а за да парирате во натпревар на екипа како Фуксе Берлин, потребен ви е целосен тим. Потребни се шеснаесет играчи и овие навивачи. Благодарност до публиката за поддршката. Ние париравме додека бевме резултатски близу. Ми се допадна како го одигравме второто полувреме, во кое покажавме реакција. Уште еднаш, многу среќа за Фуксе Берлин во понатамошните настапи.

More from ВестиMore posts in Вести »