Press "Enter" to skip to content

Денес во “Епинал“ се навиваше за Хрватска, група од Дубровник организирано гледаа фудбал (видео + фото)

-Иако сме далеку од нашата “Домовина“ сепак и тука во Битола навиваме за Хрватска, а се надеваме дека ќе победиме протов Мароко, на Светското првенство во фудбал, ни рекао од групата верници од Хрвати кои неколку дена се во Битола, и се сместени во хотел “Епинал“, чиј песнонала се погрижи да имаат незаборавно следење на натпреварот.Облечени во боите на Хрватската репрезентација, во препознапливата “Шаховница“ не им сметаше тоа што 90 минути нивните ререзентативци не постогнаа гол и играа без голови, туку напротив и тука со песна, навивање ја бодреа нивната репрезентација.

-Во Битола сме дојдени на екскурзија, но сега сме го тука да ја поддржиме и да нививаме за Хрватска, секако заедно со нашите пријатели во Битола. Тука сме пет дена, ние ја сакаме Македонија и Македонците, тие се со нас и заедно навиваме и одиме до победа, ни рече Анита Мулета од Цавтат.По следењето на натреварот имаа средба со Бранко Маретиќ, претседател на хрватското друштво “Марко Марулиќ“.Попладнево нивниот отец кој им е организатор на патувањето ќе одржи миса во Католичката црква во Битола, а утре имаат еднодневна ексурзија во Грција.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »