Press "Enter" to skip to content

Ристо Димитров – Чурино ќе ја претставува Македонија на Светското првенство во кураш во Индија

Ристо Димитров-Чурино од Битола, кој живее и работи во државата Оман, ќе ја претставува Македонија на Светското првенство во кураш, стар стил на џудо, од 23 до 28 ноември во Пуне, Индија.

Пред заминувањето за Индија, по вибер комуникација, за “Битолањуз“, изјави:

-Прво поздрав со сите во Битола, и веднаш да кажам дека јас сум првиот Македонец и прв и единствен битолчанец, на светско првенсто во кураш, а тоа стар стил на џудо. Натпреварувањето ќе трае до 28 ноевмври, а јас во Индија ќе бидам седум дена. Настапот ми е во сабота, во категорија над 66 килограми. Сам патувам, а ќе бидам под покровителство на Самбо федерација на Македонија и секако се надевам на успех, на медал, да ја прославиме Битола и Македонија.

За тоа како ги помина овие месеци во Оман по престојот во Битола додава:

-До сега имам истрчано 5 трки и две “спартан“ на 5 и 10 километри, а учествував и на добротворна трка. До крајот на годината имам уште 4 трки од кои една е на 100 километри. Преговарам за профи-борба во февруари во Египет, но за тоа преку вашиот портал, кој ги следи сите мои спортски настапи, навреме ќе известиме. 

Искусниот Димитров се натпреварува во повеќе боречки вештини, а требаше да учествува и на СП во џиу џицу во Абу Даби, но не доби виза.