Press "Enter" to skip to content

Фото вест: “Чкембарите“ со герила акција во Скопје и честитка за “Миравци“

По посетата на членови на навивачката група “Комити“ на Битола кога ги најавија роденденот, синоќа навивачката група “Чкембари“ од Битола, возврати на ист начин, со герила акција во Скопје.

Тие во Скопје на еден од мостовите поставија два транспаренти на кои ги нагласија она на што постојано ги потсетуваат “Комитите“ дека по фузијата на Вардар со екипата на Миравци, тоа не е Вардар туку Миравци, а тоа јасно им го нацртаа.

На својата ФБ страница по герика акцијата во Скопје напишаа:

-Ги испочитувавме нашите “другари“ од Скопје, ја прифативме поканата и дојдовме. Ви поклонуваме логоа од вашата гордост и први ви упатуваме роденденска честитка со корекција на годишнината. Парола: Какви 75 вие не сте ни во пубертет. ФК Миравци 2011.
More from ВестиMore posts in Вести »