Синоќа во Битола, во хотел “Милениум“ се одржа Прва регионална средба на Општините од Пелагонискиот регион, на која зборуваа градоначаниците на ВМРО-ДПМНЕ од сите градови, како и Зоран Ставревски од ВМРО-ДПМНЕ одговорен за следење на реализацијата на проектите што беа ветени во кампањата за локалните избори.Организатори на регионалната средба беа комисијата за локална самоуправа, комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт, комисијата за енергетика и Комисијата за финансии при ВМРО-ДПМНЕ.По една година од добиената доверба од граѓаните да се управува со општините, што е голема должност и обврска да се оправдаат очекувањата, ВМРО-ДПМНЕ ја одржа првата регионална средба со градоначалниците и советниците на општините од Пелагонискиот регион во Битола, на која просуствуваше претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола – Пеце Милевски како и претседателите на општинските комитети од овој регион.На регионалната средба беа споделени мислења идеи и беа најавени идни проекти, а се разговараше на темите, креирање на буџетите за општините и локалните институции за 2023 година, предвидување на средства за капитални инвестиции и проекти за буџетите за 2023 година, справување со енергетските предизвици во време на криза од страна на општините во наредниот период и изнаоѓање на дополнителни можности за финансирање на проекти.Беа разменети искуства и идеи со цел подобро планирање на општинските буџети за наредната година, со цел поефикасна работа и реализација на проектите ветени во изборните, секогаш е собронда се споделат со кавноста и граѓаните.Неодминлива беше и темата подобро справување со енергетската криза и можности за идни делување во таа област, а свое исцрпно излагање имаше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
Во Битола се одржа прва регионална средба на Општините од Пелагонискиот регион (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: кривични пријави за нова возачка дозвола, а старата му била одземена, за бесправно градење, малолетник каснат од куче скитник
- Започна продажбата на влезници за Лигата на Шампиони, прв гостин во Битола е Фуксе Берлин
- Што е корупција во нашата држава? Им пречи ли на младите или го следат трендот на „снаодливите“ во желбата за успех?
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 19 степени
- Дарија Крстевска од АК Олимп Битола доминира на Купот на Македонија за младинци