Press "Enter" to skip to content

Жарко Костиќ, мотивационен говорник од Скопје, гостин на библиотеката за Патронатот

По повод Патрониот празник на нашата Библиотека на 6. декември гостин ќе ни биде д-р Жарко Костиќ – мотивационен говорник од Скопје, кој ќе зборува на тема “Како да го вратиме оптимизмот за животот? Како да бидеме мотивирани да размислуваме позитивно?“

Изминативе неколку години поминуваме низ турбулентен период, кој е стресен за многумина. Периодот за време на короната, посковид периодот, економските кризи, поскапувања, војни во светот, се само дел од причините кои свесно или несвесно влијаеја на секој од нас. Но за да не биде се така црно или сиво, мораме да најдеме начин да го вратиме оптимизмот за животот, нашите мисли да бидат позитивни и секој ден да го почнуваме со убава насмевка на нашето лице.

More from КомерцијаMore posts in Комерција »