Press "Enter" to skip to content

Пелистер поразен од Широки Бријег во вториот “балон“ во Сараево

Широки – Пелитер 83:73

Во Сараево во рамките на вториот “балон“ од АБА2 екипата на Пелистер од Битола е поразена од босанскиот тим Широки Бријег во 83:73, а ова е прв пораз по двете победи во првиот “балон“ над ТФТ и Шенчур Крањ. Кошаркарите на Пелистер во првото полувреме го имаше водството на своја страна, но попушти во клучните моменти и го впиша првиот неуспех оваа сезона.

Првата четвртина ја добија “пелистерци“ кои имаа контрола на паркетот, а имаа и +8, а првиот квартал заврши со + 3 (22:25). Во втриот квартал двете екипи влегоа со многу проблеми, технички грешки преовладуваа, па во таквата игра подобро се снајде босанскиот претставник кој успеа да намали на -2 (38:40).

Во третата четвртина Пелистер нее можеше да го најде вистинскиот пат до противничката мрежа и Широки ја презеде предноста која што не ја испушти. На крај пелистерци мораа да се помират со пораз од десет поени 73:83.

Во екипата на Пелистер  најефикасен Хаџифејзовиќ со 20 и Мустафица со 12 поени. 

По дуелот Марјан Илиевски рече:

-Мило ми што Пелистер покажа дека е фактор во оваа лига сезонава. Почетните две победи во првиот „балон“ не му дадоа на противникот да се опушти. Нам ни требаше победата за да го продолжиме континуитетот, а за нив ова е прв успех.  Единствена забелешка до моите кошаркари е што не ги искористија чистите шутеви за три поени. Бевме подобриот противник на терен, но не стигнавме до посакуваната победа. Честитки за противникот.

Во следното коло битолскиот тим ќе се сретне со Вриједноснице Осијек.

More from ВестиMore posts in Вести »