Press "Enter" to skip to content

Хрватската амбасадорка Нивес Тигањ во посета на Македонско-хрватското друштво “Марко Марулиќ“ во Битола

Амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ деновиве престојуваше во Битола при што го посети Македонско-хрватското друштво “Марко Марулиќ“ со седиште во Битола. На средбата со членови на Управниот одбор на ова мошне активно Друштво беа претставени досегашните бројни активности како и плановите за иднина.

-По повод најзнајните државни празници на Република Хрватска, нашето Друштво кое постои 28 години, организира голем број културно-уметнички настани кои се прифатени од публиката и се во насока на претставата на богатата Хрватска култура и зближување на двата народа, хрватскиот и македонскиот,  рече претседателот на друштвото д-р Бранко Маретиќ и додаде:-Како следна наша активност планиран е Божикно-новогодишниот концерт кој ќе се одржи во Малата дала на Домот на културата АСНОМ во Битола,на 10 декември со настап на машка клапа од Дуги Рат општина која е збратимени со Новаци.

При оваа прва работна посета на амбасадорката Нивес Тигањ на Битола, членови на Управниот одбор ги истакнаа долгогодишните активности кои се во функција на подобро запознавање на двете пријателски земји и взаемно негување на богатите култури.-Во иднина треба да се прошири активноста на Друштвото со други содржини и иновации кои секако ќе бидат подржувачи и од наша страна, истакна амбасадорката на Република Хрватска , Нивес Тигањ.

Средбата се одвиваше во срдечна атмосфера во просториите на друштвото “Марко Марулиќ“ во Битола, кое е едно од најактивните во Македонија,кога станува збор за организирање и посредување на културни настани и манифестации и размени на ансамбли, друштва и уметници од различни области.

Д.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »