Press "Enter" to skip to content

Во петок, во пазар, урбани приказни со Кекело… “Не знајш јас каква…“

Онај кафичо, стално полн, чадо со нож да го сечиш. Се сеќавате, во Битола де?

Таму ако си сам излезен најбарано, најпожелно место беше крајо на шанко. Во ќошо, до вецето. Ако го фатиш то место, цар си. Лево од тебе е вецето, пратиш кој и кога влегва кој излегва. Па ако го/ ја знајш, ќе скршиш муабет. Прашваш Шо прајш, не Кај ојш. Очигледно е кај оди.

Со деснио лакт си потпрен на шанко, со грбо на ѕидо. Имаш поглед до влезната врата и на гужвата пред тебе. Мојш да прајш муабет со шанкеро. Додуше ти мојш да му збораш на шанкеро, ама тој пијачки прај, така да можи да те гледа, ама не те слуша сто посто. Ти се насмевнува и клима со глата од куртоазија.

Стои така баш на то најбараното место еден дечко, стросан, убо изгледа, вотка тоник пред него, ја пие полека.

Иди една девојка… Шо да ви речам да ја опишам. То време, споредбата со авион ни беше врв за убајна. И по изглед и по физиономија. Коса долга, минимум шминка, високи штикли и црни чорапи.

Застана на шанко пред дечкото.

Тој – се стаписа. Го заклучи погледо во неа и не мрда. Смрзна.

Таа се заврте и напрај тристашеесе степени поглед наоколу. Го погледна него вочи за дел од секунда вртејќи се, и се обрати на шанкеро (кој ги батали нарачките за пијачки и тој се стаписа, го замрзна погледо на неа, очите му беа петбанки отворени)

-Водка со поќе џус, ве молам, рече девојката.

Шанкеро остава другите нарачки и сиот насмеан, како реклама за паста за заби, клава водка и ептен поќе џус, чашата ја клава пред неа.

Дечкото му вели на шанкеро:

-Дај му од мене уште една, и ги вади клучојте од бемевето на шанко, тамам на средина меѓу неговата и нејзината чаша.

Таа го погледна подолго, можи три секунди, дирек вочи, и му вели:

-Фала.

И му го заврте грбо.

Дечкото – Како се викаш?

Таа: Шо е битно како се викам?

-Е па битно е, да ја врзам твојата убајна со име.

-Не мораш.

– Ама како? Морам, ептен си уба, преуба!

И така продолжува дечкото едно пет шес минути со епитети, споредби со природа, уметнички слики, злато, платина, дијаманти, шо не изнареди за споредба со совршенство, универзумо го спомна…

Се врти девојката и го гледа вочи:

Му вели – Слушај дечко, симпатичен си, фала на муабето, ама јас сум лезбејка.

Дечкото цел ПРАШАЛНИЦИ. Ја смена фацата од самбендисан во вчудоневиден. Му читаш од фацата дека е скроз наскроз збунет. А треба да реагира одма.

И после триесеттина секунди зачуденост, со полуотворена уста, успева да праша. Ама гледа во тавано, и со полукруг го враќа погледо кон неа.

– Е добро шо ти е то лезбејка?

Девојката: Сакам женски.

Дечкото добива олеснителна фаца, му се враќа самодовербата и насмевката и вели

-Ами ти не знајш јас каква лезбејка сум.

More from БитолаMore posts in Битола »