Во стрелиштето за воздушна пушка и пиштол во Битола се одржа државно првенство во стрелаштво за основни и средни училишта во машка и женска конкуренција со воздушна пушка. На ова државно првенство учествуваа 40 ученици од нашата држава.Првенството за отворено го прогласи Бојан Бојковски, заменик градоначалник на Битола, а просуствуваше и потпретседателот на Федерацијата за училишни спортови.
Претседателот на Сојузот за училишен спорт од Битола, Михајло Трампевски, вели дека се радува што уште едно државно првенство се одржува во Битола и тие се домаќини на најдобрите стрелци од основно и средно образование, кои покажале одлични резултати, посебно стрелците од Битола.
Победник во машка конкуренција кај основните училишта е Вања Арсиќ од ОУ “Климент Охридски“ од Битола, второпласиран е Давид Соколовски ОУ “Тодор Ангелевски“ од Битола и на трето место е Андреј Вељановски од Битола.
Во женска конкуренција првопласирана е Емилија Тренческа од ОУ “Кирил Гавриловски Јане“ од Прилеп, второпласирана е Анастасија Мангаловска од ОУ “Тодор Ангелевски“ од Битола, а на трето место е Марија Трампеска од ОУ “Св. Климент Охридски“ од Битола.
Кај средношколците победник е Никола Караѓорѓев од Кавадарци, второпласиран е Мартин Димитријоски од Прилеп и на трето место е Филип Гически од Прилеп.
Кај средношколките државен првак е Магдалена Ристеска од Прилеп, на второ место е Лела Стојановска од Битола и на трето место е Теодора Христова од Битола.

Доминација на битолските стрелци на државното првенство во стрелаштво за основни и средни училишта (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Стручен семинар за џудо тренери и џудо судии за лиценцирање за 2023 година
- Билтен на МВР: возач возел со 2.61 промил алкохол, 69 казни за брзо возење
- Промовирана книгата “Креативни техники за работа со деца во инклузија“
- Во Битола променливо облачно и студено
- Марјан Илиевски по победата над Сутјеска: во натпревар кој е лош по здравјето, најважна ми е победата
More from СпортMore posts in Спорт »
- Стручен семинар за џудо тренери и џудо судии за лиценцирање за 2023 година
- Марјан Илиевски по победата над Сутјеска: во натпревар кој е лош по здравјето, најважна ми е победата
- Прв контролен натпревар и победа на Пелистер во Струга
- Втора победа на Пелистер на “балонот“ во Бања Лука, победена Сутјеска
- Напаѓачот Бојан Спиркоски трето засилување на Пелистер