Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер лесно до висока победа над Јуниор Кисела Вода во Битола (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Јуниор Кисела Вода 38:20 (19:11)

Вечерва во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“ ракометарите на Еурофарм Пелистер, како фаворити, во рамките на 12. коло на Суперлигата против го победија Јуниор Кисела Вода со 38:20, полувреме 19:11. “Пелистерци“ го отворија натреварот со 3:0, а потос дојдоа и до 6:1 и покажаа кој е победникот во Битола. Гостите пробаа да направат нешто, но разликата во квалитетот е превисока и преочигледна. Водството на битолчани растеше, дојде до +8, со колку и се отиде на одмор, 19:11.Второто полувреме се одигра рутински, а разликата дојде и до +19, з крај да биде +8, 38:20, запишаа убедлива победа и се израдуваа на единаесеттата победа во Супер лигата.Најефикасен во Еурофарм Пелистер беше Себастијан Хенеберг со 7, Стоилевски и Костески со 6 шест гола.

More from ВестиMore posts in Вести »