Press "Enter" to skip to content

Започнаа подготовките за “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ кој ќе се одржи во јуни 2023 (фото)

Здружението  за потикнување и промоција на спортот, спортскиот туризам и здравиот начин на живот “PELXTR – Pelister Xtreme Trail Running“ од Битола, кое е член на “ITRA“ синоќа со состанок во хотел “Премиер“ во Битола и официјално ги започна подготовките за наредната “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ која ќе се одржи на 23 и 24 јуни наредната година.Состанокот го отвори Организационот директор на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“, Зоран Алексовки, кој ги поздрави сите учесници и посака идната година да има подобра трка, со која ќе се потврди она што е сработено во годинашната трка која доби и се уште добива пофалби од сите страни.Директорот на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“, Ненад Лазиќ, им се заблагодари на сите за досегашното учество во организацијата на трката, а потоа нагласи дека овој состанок е само официјализирање на подготовките за наредната трка, а тие се веќе започнати веднаш по завршувањето на минатата трка.

-Сакам прво да ве запознаам со новините кои ќе ги имаме во наредната трка. Како прво би споменал дека  “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“, оваа година ќе има старт на плоштадот “Магнолија“, а ќе биде пораво, во 17 часот, со цел натпреварувачите да поминат само една ноќ на планина. Секако ќе има уште две трки, на 54 и 23 километри, а новина ќе биде детската планинска трка, која ќе има должина од 500 метри кај Нижеполе, која е единствена, рече Лазиќ, кој додаде дека ќе има богата забавна програма на стартот и целта кај чајџилницата кај Нижеполе.Стартот ќе биде со нова сатница со цел сите натреварувачи да стигнат на целта и таму секако да бидат достојно пречекани и наградени.

-Маркацијата ќе биде засилена и покрај оние знаци кои ги имавме ланската година ќе има и на секои 200 метри поставени знаменца кои ќе бидат на 50 сантиметри од земјата и со тоа ќе ја зголемиме безбедниста на патеката што е наша заложба. Оваа година ќе имаме и нов цел, а тоа ќе биде изнанадување за сите натреварувачи и посетители со што ќе го зајакнеме нашиот бренд, а ќе целта ќе биде атрактивна за фотографирање, а таму ќе бидат и ѕвонците, во поголем број, со кои ќе го најавуваме пригнувањето на целта, рече Лазиќ.На состанокот беа одредени и тимовите кои работаат на организацијата на трката, засилени со нови членови, кои ќе понудат нови содржини и нови начина на организација.

-Она што некои трки го постигнаа за неколку години, ние го направивме за една година, а тоа ни се потврдува на секој состанок кој го имаме со натпреварувачи на трки на кои ја промовираме нашата трка, а за тоа сум посебно благодарен на целиот тим кој е вклучен во организацијата, рече Лазиќ.Главната трка на 111 километри ќе има 7.000 висинска разлика на искачување и 6.200 метри висинска разлика на спуштање, а тоа оваа трка ја прави најзахтевна. Времето за кое треба да се помине е 27 часа, а победникот ќе заслужи 5 поени.

Оваа сезона ќе има уште една новина, а тоа е дека ќе има национална лига за планинско трчање, а за да се стигне до пласман натпреварувачите ќе мора да учествуваат на најмалку три трки, а победниците ќе имаат право да учествуваат на завршната трка која се одржува во Шамони, Франција.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »