Press "Enter" to skip to content

Пелистер со нова победа во АБА2 лигата, во Сараево победен Осијек

Пелистер – Осијек 83:71

Во вториот “балон“, во вториот натпревар во Сараево, кошаркарите на Пелистер од Битола забележаа нова победа, овој пат против екипата на Осијак  со резултат 83:71, со одличниот финиш на натпреварот, во последната четвртина кога направија резултат 20:8.Првата четвртина помина изедначено 20:18, а втората “реми“ 20:20, па така на одмор се отиде со 40:38.

Третата четвртина резутатски ја добија кошаркарите на Осијек со 20:25, а одлучувачка беше последната четвртина кога Пелистер направи +15 (23:8), доволни за конечни 83:71.Кај Пелистер петмина кошаркари постигнаа “двоцифрен“ број на поени, Сеад Хаџифејзовиќ, стрелец на 20 поени, Караџовски со 17 поени,  Карпентер 15, Мустафица 14  и Карутерс со 10.

More from ВестиMore posts in Вести »