Press "Enter" to skip to content

Во Битола потпишан Меморандум за соработка со Федерација на училишен спорт и Кугларската федерација

Во кугланата во Битола, после неколкуте консултативни средби и работни состаноци, официјално беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Кугларската Федерација и Федерацијата на училишен спорт.  Со овој Моморандум се отвораат можности за поблиска соработка помеѓу двете Федерации, куглањето ќе влезе во систем на натпревари кои ги организира ФУСМ, додека КФСМ ќе помогне логистички и стручно таквите натпреварувања да бидат што поуспешни и учениците од основните и средните училишта да можат побрзо да ја совладаат основната кугларска техника.

Поради оправдано отсуство на претседателот на ФУСМ, Александар Туфекчиевски, во Битола, Меморандумот беше потпишан од страна на Мустафа Алиу, потпретседател на ФУСМ во придружба на Глигор Христов, додека од страна на КФСМ беше Игор Михајловски како петседател на КФСМ во придружба на Тоде Ристевски. Согласно водените разговори и разгледувањето на можностите кои се отвораат од заедничката соработка, овој Меморандум за КФСМ е од витално значење бидејќи ќе биде добра основа во кугларските клубови да влезат млади талентирани куглари до 14 и до 18 години, со што кугларските клубови ќе добијат една нова вредност. Организирањето на општински лигаи и државно првенство во континуитет од најмалку 5 години, ќе ја збогати кугларската база на млади куглари и кугларки и ќе овозможи подобри можности на тренерите во сите клубови да направат поквалитетна селекција, да ги препознаат можностите и потенцијалот на учениците на кугларските патеки и она што е најбитно да имаат прилика да работаат со нив уште од самиот почеток и да ги развиваат нивните кугларски вештини на правилен и стручен начин, а со тоа и да овозможат поквалитетно задоволство во навлегувањето на кугларските тајни. Во Битола, во изминатите 2 месеци повеќе од 50 ученици од 9 и 8 одделение беа перманентно обучувани да куглаат од двата кугларски тренери Игор Михајловски и Тоде Ристевски и веќе се создадени услови да имаме општинска училишна лига. Таа лига реба да започне во почетокот на месец декември оваа година. Тоа е еден од новитетите на КФСМ и очекуваме овој проект во периодот помеѓу март и јуни 2023 година да биди спроведен и во Скопје, а доколку се создадат услови и во Струга.Можноста да аплицираме на заеднички проекти кои се во интерес на училишниот спорт, на нашите ученици од основните и средните училишта ширум Македонија отвора сосема други перцепции и можности како и потребата од нови кугларски објекти кои ќе овозможат вакви активности во градови каде сеуште немаме куглани. КФСМ ќе ги примени искуствата и стручната помош која ќе ја добие од страна на овластените лица на ФУСМ во поглед на подготовка на предлог проекти, а со оглед на исклучителната отвореност и срдечност која е воспоставена, веруваме дека куглањето ќе ги збогати содржините на училишните спортски активности и во наредниот период поголем број на ученици ќе ги гледаме на кугларските патеки.

More from ВестиMore posts in Вести »