Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: бенигна хиперплазија на простата-БХП

Д-р Васил Чипуровски, информира за кои прегледи и испитувања може да ги направите со најсовремени апарати од медицината. Со овие информации добиваме и стручни совети  за интернистички заболувања, нивно откривање и понатамошно третирање, за кои постои голема заинтересираност кај читателите, а овој пат д-р Чипуровски ќе се осврне за бенигна хиперплазија на простата-БХП, за што вели:

-Простата е мускулно жлездест орган кај мажите расположен под мочниот меур пред ректумот го опфаќа почетниот дел на уретрата и е значаен за создавање на простатниот секрет чија алкалноста е битна за фертилноста и сперматогенезата. Постојат неколку заболувања на простатата итоа бенигната хиперплазија која е најчеста кај мажи над 50 годишна возраст, карциномот и инфекциите на простата како акутен и хроничен простатитис.

Поради хормонални нарушувања во создавање на тестостеронот,генетски предиспозиции и лоши животни навики доаѓа до хиперплазија зголемување на простатата. Клиничките манифестации на БХП се чести ноќни мокрења, намален млаз при уринирање, недоизмокреност, отежнато мокрење итн.

Дијагнозата се поставува на БХП врз база на анамнеза, ректално туше, PSA. K.T и ехо преглед на кој простата е овална со јасни граници, хомоген паренхим  хиперехоген со димензии до 50х35х35 мм и волумен на простата нормален до 35 мл, ретенција на урина над 600 мл и рест урина над 100 мл.

Терапијата на бенигната хиперплазија на простата е со медикаменти алфа рецептор блокаторите и инхибиторите на 5 алфа редуктазата (тамсулозин дутастерид), или оперативно или TURP TUAI класична простатектомија.