Канцеларијата на “Сумнал“ во Битола ја посети делегација од Националната агенција за европски програми и мобилност предводена од директорот м-р Марко Ѓорѓиевски.
За време на посетата нашата претседателка, Фатма Бајрам Аземовска, ги престави активностите од “Еразмус +“ проектите што ги имплементира “Сумнал“, а потоа се разговараше за важноста на овие проекти и можностите што ги нудат програмите на “Еразмус +“ и “Европскиот солидарен копрус за ромската заедница“.
На средбата беа присутни и корисници на нашите услуги од ромската заедница во Битола кои имаа можност да укажат на потребата од активностите кои ги нудиме со помош на спомнатите програми, како и да ја искажат својата благодарност.
На крајот, по повод дваесетгодишнината од постоењето на “Сумнал“, претседателката додели и плакета-благодарница на Националната агенција за европски програми и мобилност за посебен придонес кон интеграцијата на ромската заедница во нашето општество.