Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: кривична против четири лица за неовластено огледување канабис, превенција против родово насилство, затекнати малолетници во угостителски објект, приведени дилери

СВР Битола поднесе кривична пријава против четири лица на возраст од 74, 42, 54 и 54 години сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет, наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Од почетокот на јануари до средината на август, првообвинетиот, како стечаен управник на правен субјект организирал и обезбедил услови на лицата кои биле вработени, да работат нелегално. Тие, иако знаеле дека поради констатитрани неправилности од Министерството за здравство му била одземена лиценцата за одгледување на растението канабис за медицински цели и отворената стечајна постапка за правниот субјект, продолжиле со производство во фабриката.

Во Битола инспектори за семејно насилство на СВР Битола, заедно со претставници на Советот за превенција на детско престапништво, психолози и др., а во организација на Ротари клуб “Широк сокак“ од Битола учествуваа  на трибина во склоп на кампањата “16 дена активизам против родово базирано насилство“. Оваа кампања во Република Северна Македонија се одбележува од 2014 година и има цел да ја подигне општествената свест и да поттикне на размислување за индивидуалниот и колективниот придонес во борбата за спречување на родово базираното насилство, а се случува секоја година во текот на 16 дена во периодот помеѓу 25 ноември – Меѓународниот ден за елиминација на насилството против жените и 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права.

На  25/26.11.2022 година, во времето од 23.00 часот до 03.00  часот,од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција и од униформираната полиција при СВР Битола, по претходно изготвен план, спроведена e акциска контрола  во шест  угостителски објекти во Битола. При контролата, во четири угостителски објекти затекнати се седум малолетници подоцна од 24 часот. Малолетниците се предадени на родителите, а по документирање на случаите ќе бида поднесени соодветни поднесоци.

Во Битола од страна на полициски службеници од полициската станица Битола биле лишени од слобода 41 и 25 годишни лица, двајцата од Битола, извести МВР. Кај лицата е пронајдена грутчеста материја и марихуана.Тие се приведени во полициска станица Битола и ќе следува соодветна пријава.
More from ВестиMore posts in Вести »