Анета и групата “Молика“ од Битола можат да се пофалат дека се едни од најпопуларните музички групи, познати не само во Битола, Македонија, туку и низ цел свет, на сите континенти каде ги забавуваат нашите иселеници, и се добредојдени во секој македонски до, но по едно се единствени, а тоа е што имаа снимено и филм – музичка комедија, во 2012 година, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Филмот беше промовиран во почетокот на декември 2012 година во Големата сала на Центарот за култура во Битола се одржа промоцијата на музичката комедија “Патот на кенгурите“ кој е посветен на падовите и успесите на битолската музичка крупа и нејзиниот вокал Анета Мицевска, кој е работен заедно со актерите од драмското студио “Солза и смеа“ од Битола.
Промоцијата на филмот помина во одлична атмосфера во која публиката се потсети на нивните најзначајни настапи во Босна и во Австралија, а исто така уживаше во музичките нумери кои се изведени во филмот. По промоцијата на филмот следуваше претставување на актерите во филмот, како и екипата која го подготвуваше овој филм.
Александар Димитровски, кој е режисер на филмот и ја игра една од главните улоги, рече дека е задоволен од тоа како поминаа десетте месеци од снимањето на филмот, и се надева дека филмот ќе го видат голем број гледачи.
Главната актерка во филмот, вокалот на групата “Молика“, Анета Мицевска, тогаш, видно возбудено по промоцијата рече дека и било многу полесно да ги отпее овие неколку реченици кои сега сакам да ви ги кажам, за филмот кој е сниман десетина месеци, а најголем дел од сцените се снимани летово, а се снимаше во Битола, Сараево, БиХ, во битолското село Клепач и на други места.

Деновиве пред 10 години: Анета и “Молика“ ја промовираа музичката комедија “Патот до кенгурите“ (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Битолчани, љубители на мото-крос не мируваат во зима, 135 километри најголем дел по снег на неколку врвови околу Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во јануар 2013 до темел изгоре планинарскиот дом “Копанки“ (фотогалерија)
- Фото вест: Светиот крст во соблекувалната на кошаркарите на Пелистер
- Александар Талевски го извади Светиот крст од осветените води на крстилницата во “Св. Недела“ во Битола (фото+видео)
- Деновиве пред 10 години: Никола Свенчев по трет пат го “фати“ крстот, лани во 2022 му беше четврти пат (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Расчистени пет тешки кражби во Битола, пронајдените украдени предмети вратени на сопствениците
- Прв контролен натпревар и победа на Пелистер во Струга
- Втора победа на Пелистер на “балонот“ во Бања Лука, победена Сутјеска
- СВР Битола: приведени две лица и малолетник за поседување марихуана, нападната жена
- Во Офицерски дом отворена изложбата на Стојан Апчевски