Press "Enter" to skip to content

Шеста по ред победа на Пелистер Волеј, во Битола победена Фламинго Волеј (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Фламинго Волеј 3:0

(25:19; 26:24; 25:23)

Екипата на Пелистер Волеј во Битола, во спортската сала на Медицинското училиште во Битола, ја забележа шестата “врзана“ победа  во дерби натпреварот помеѓу второпласираната и четвртопласираната екипа на табелата.За овој натпревар и победа, тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски вели:-Од аспект на резултатот и новите три бода, остануваме во победнички ритам и се држиме кон зацртаниот план, па честитки за нашите одбојкарки за остварената победа, шеста во низа, со што сега сме на 6 од 7 и се одвојуваме и се зацврстуваме на втората позиција. Сепак, натпревар во кој мораме да признаеме дека сеуште има многу пропусти пред се во пристапот, како и грешки во нашата играта кои не смеат да се повторуваат, а за тоа најдобро говорат статистиката и бројките кои внимателно ги бележиме и анализираме, за секоја одбојкарка на секоја позиција детално.За тоа како понатаму до крајната цел, враќање во најквалитетното одбојкарско друштво, Првата лига, Митковски додава:-Доколку навистина сакаме да се издигниме на повисоко ниво, пред нас претстои, долга, тешка и макотрпна работа во која мора многу нешта да се променат од корен. Простор за напредок и за наметнување на играчи од помладите категории секогаш има, а дел од нив денес имаа чест и по прв пат да заиграат со сениорската екипа, во која за жал заради повреди отсуствуваат многу играчи.Поените ги освоија: Емилија Ивановска 17, Стефани Најдановска 15, Анастасија Ристевска 6, Христина Трајчевска 5, Лиле Лозановска 4, Ивана Белокозовска 3, Софија Проковиќ 2, Билјана Јаковлевска 1 и Мила Андоновска 1.

More from ВестиMore posts in Вести »