Press "Enter" to skip to content

Ресторан “Вила Виста“ место за уживање во единствениот поглед

Ресторанот “Вила Виста“ ви ја предлага, сега затворената, тераса како оптимално место за есенско уживање со вкусна храна, ладни пијалоци, кафе… на чист воздух и идеален поглед кон зелениот рај наоколу.

Терасата на “Вила Виста“ е позната како место од каде во секое годишно време, а сега и во есен, и може да се восхитувате на погледот кој се пружа на околната природа, но сега кога, додека седите на терасата погледот кој допира до Битола, преку Пелагонија, до Кајмакчалам ви дава посебно чувство како да лебдите на шарениот тепих.

Обновена, со нов мебел, затоплена, украсена со многу цвеќиња, идеална во есенските денови преку ден каде можете да дишете чист воздух.

А ноќите се наменети за романтични вечери со поглед кон Битола и светлата во ноќта.

Ресторанот и пицерија “Вила Виста“ се наоѓа на околу 15-тина минути од Битола над Дихово, на патот кон Нижеполе.  Со својата местоположба во подножјето на Баба планина “Вила Виста“ го има најдобриот поглед, кој  се протега од потпелистерието, преку Битола се до Кајмакчалан.