Претседателот на општинскиот Сојуз на спортови, Сашко Павловски и претседателот на Синдикатот на РЕК Битола – Менде Фидановски, потпишаа Меморандум за соработка со кој се официјализира соработка помеѓу двете страни.
Павловски и Финадовски по потпишувањето истакнаа дека и во иднина, како и до сега че соработуваат, а вработените во РЕК “Битола“ ќе бидат дел од актовностите кои ги организита Сојузот на спортови од Битола кои се од масовен карактер во областа на спортот, традиционалните манифестации, Ноќната атлетска трка и изборот на “Спортисти на годината“, како и нови содржини кои ќе ги понудат од Сојузот за кои меѓусебно ќе се договорат.