Јавното претпријатие “Стрежево” од Битола, согласно Законот за рибарство и аквакултура, денес изврши порибување на акумулацијата “Стрежево” со подмладок од пастрмка. Порибувањето се реализираше во близина на браната “Стрежево“ и Шахтниот преливник на акумулацијата “Стрежево”.Порибувањето е направено со сопствени финансиски средства со подмладок од пастрмка кој потекнува од репроцентарот “Шум“ од Струга (околу 5.000 единки, со единечна маса до 70 грама).На порибувањето присуствуваа овластени претставници на концесионерот, овластената установа изработувач на Риболовната основа за акумулација “Стрежево“, членови на риболовните здруженија од Битола, инспектори од Државниот инспекторат за земјоделство, претставници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и медиумите.Денешните активности ја манифестираат одговорноста и обврската на Стрежево за грижа за животната средина. Во време на големи предизвици, “Стрежево“ продолжува да вложува во заштитата и унапредувањето на животната средина, како и во подобрувањето на квалитетот на нашите услуги по веќе трасиран пат.
Акумулацијата “Стрежево” порибена со 5.000 единки подмладок – пастрмка (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)