Јавното претпријатие “Стрежево” од Битола, согласно Законот за рибарство и аквакултура, денес изврши порибување на акумулацијата “Стрежево” со подмладок од пастрмка. Порибувањето се реализираше во близина на браната “Стрежево“ и Шахтниот преливник на акумулацијата “Стрежево”.
Порибувањето е направено со сопствени финансиски средства со подмладок од пастрмка кој потекнува од репроцентарот “Шум“ од Струга (околу 5.000 единки, со единечна маса до 70 грама).
На порибувањето присуствуваа овластени претставници на концесионерот, овластената установа изработувач на Риболовната основа за акумулација “Стрежево“, членови на риболовните здруженија од Битола, инспектори од Државниот инспекторат за земјоделство, претставници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и медиумите.
Денешните активности ја манифестираат одговорноста и обврската на Стрежево за грижа за животната средина. Во време на големи предизвици, “Стрежево“ продолжува да вложува во заштитата и унапредувањето на животната средина, како и во подобрувањето на квалитетот на нашите услуги по веќе трасиран пат.

Акумулацијата “Стрежево” порибена со 5.000 единки подмладок – пастрмка (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево и топло, температурата до 32 степени
- Двајца битолчани дел од тимот на “Аџибаден Систина“ кој изведе роботски асистирана нефректомија
- Општина Битола и со ЖРК Пелистер ќе потпише ракометна платформа
- СВР Битола: ќерќа нападнала татко, двајца битолчани возеле без возачка
- Денес е Св. Фануриј, се меси Фанурија – колачот кој исполнува желба





