Press "Enter" to skip to content

Аплаузи за Битолскиот дувачки оркестар, Марјан, Тамара, Јасна, Нико за изведбите на големите светски хитови (фотогалерија)

Вечерва во Големата сала на Центарот за култура во Битола пред битолската публика настапи возобновениот Битолски дувачки оркестар кој од 2015 година  ја изненадува Битола со интересен тематски репертоар на своите настапи. На концертот кој се одржа во Битола со бендот на оркестарот настапија тројца солисти и  ја воодушевија публиката.Возобновениот оркестар настапи под диригентската палка на Марјан Бакревски и ја „раздрма“ музички Битола во ритмите на JAZZ, FUNK, SOUL, со BIG BAND репертоар. Со ова  Битолскиот дувачки оркестар се претстави во најдобро светло на концертот.Пред преполната сала на Центарот за култура во Битола, пред публика која ја сака и разбира музиката беа изведени големите хитови на James Brown, Frank Sinatra, Stevie Wonder… во изведба на солистите Нико Ѓоргиевски, Тамара Стојковска и Јасна Димитровска.

Нико, Тамара, Јасна, Марјан и инструменталистите после секоја изведба беа наградени со аплаузи од публиката, а биточалчани не ги штедеа дланките и искажаа многу пофални зборови по завршувањето на концертот, а посакаа и нов.Џез, фанк и соул звуци со познатите хитови со околу 20-тина музичари на сцена и солистите беа најавени и за предпразничните настани.-Ви благодарам на сите кои сте тука да не слушате и поддржите, им благодарам на Општина Битола и сите кои помогнаа да се одржи овој концерт на наша и на ваша радост. Посебн поздрав и благодарност на компанијата која финансиски ни помогна, на сопствесникот кој сака да остане анонимен. Се надевав, но сега сум уверен дека ги освоивме симпатиите и аплаузи од публиката, истакна Марјан Бакревски кој е иницијатор за обновување на овој оркестар.Инаку Битолски дувачки оркестар музицираше во 70-тите години од минатиот век, но згасна. После повеќе години, неговото возобновување е навистина значајно, а битолчани со посетеност и аплаузи на отворена сцена тоа и го потврдуваат. 

Ж.Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »