Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: приведени тројца крадци од Битола, украденото вратено на сопственикот

На улица “Илинденска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода тројца битолчани на возраст од 42, 23 и 42 гидини.

Тие се сомничат дека извршиле кражба во отпад во Битола, при што одзеле повеќе предмети, а првопијавенот лице било барано и со потерница за издржување затворска казна за сторени повеќе кривични дела „кражба“ на подрачјето на Битола. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Битола за издржување на казната, а останатите две лица биле задржани во полициска станица.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »