Press "Enter" to skip to content

Здружението за развој на ромската заедница “Сумнал“ со нов проект “Digital Inclusion for Roma Adults“

Од септември 2022 година, Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ започна со имплементација на ново Партнерство за соработка во рамките на Еразмус + програмата „Digital Inclusion for Roma Adults: Gaining Knowledge and Skills in eServices – DIRA (Дигитална инклузија на возрасни Роми: Стекнување на знаења и вештини за користење на еУслуги).

Главната цел на проектот е подобрување на социо-економската состојба на возрасните Роми преку образование од областа на ИТ технологијата и развивање на дигитални вештини и компетенции за да се оспособи возрасната популација и социјално исклучените луѓе да користат достапни електронски услуги во нивните околини, и да бидат подобро вклучени во нивните заедници и општества.

Воведниот партнерски состанок се одржа онлајн на 27.09.2022 година. За време на состанокот партнерските организации од Финска, Северна Македонија, Италија и Србија се запознаа и дискутираа за проeктот и проектните задачи. Дополнително беа договорени состаноци за финансискиот менаџмент и дисеминативните активности. Како дел од мониторингот, секој почеток на месецот ќе се одржуваат онлајн состаноци за следење на имплементацијата на активностите и разрешување на тековни прашања.

Првите активности вклучуваат развивање на општ прашалник за сите земји учеснички како и национални прашалници за секоја земја учесник со цел да се истражат потребите и состојбата на Ромските заедници во областа на дигиталните знаења и вештини. Спроведувањето на анкетите и анализата на резултатите ќе бидат завршени до крајот на годинава. Проектот е кофинансиран од Европската комисија преку Еразмус + програмата, а го координира финската фондација Деаконес.