Две редовни седници на органите на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ – Битола се одржаа во Студентскиот дом “Кочо Рацин“ во Битола што е придружна членка на
УКЛО.На покана на вработените од Студентскиот дом и директорката Соња Карапец, по завршување на работниот дел, членовите на Управата и Сенатот непосредно се запознаа со условите за сместување и услугите што ги добиваат 284 студенти сместени во овој Дом.Капапец рече дека има и слободни соби за студенти коишто на УКЛО престојуваат преку Еразмус размена, како и објект со 15 адаптирани легла за студенти со попреченост, со што
студентскиот дом од Битола е единствен во државата со ваков важен капацитет.Во рамки на посетата на Студентскиот дом “Кочо Рацин“ Битола претставниците од студентското раководство на УКЛО, Управата и Сенатот имаа можност за дегустација на комплетното студентско мени и да се запознаат со грижата за студентите во Домот поврзана со нивната исхрана и здравје.
Студентскиот дом “Кочо Рацин“ приреди дегустација од студентското мени за органите на управување на УКЛО
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)