Две редовни седници на органите на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ – Битола се одржаа во Студентскиот дом “Кочо Рацин“ во Битола што е придружна членка на
УКЛО.На покана на вработените од Студентскиот дом и директорката Соња Карапец, по завршување на работниот дел, членовите на Управата и Сенатот непосредно се запознаа со условите за сместување и услугите што ги добиваат 284 студенти сместени во овој Дом.
Капапец рече дека има и слободни соби за студенти коишто на УКЛО престојуваат преку Еразмус размена, како и објект со 15 адаптирани легла за студенти со попреченост, со што
студентскиот дом од Битола е единствен во државата со ваков важен капацитет.Во рамки на посетата на Студентскиот дом “Кочо Рацин“ Битола претставниците од студентското раководство на УКЛО, Управата и Сенатот имаа можност за дегустација на комплетното студентско мени и да се запознаат со грижата за студентите во Домот поврзана со нивната исхрана и здравје.

Студентскиот дом “Кочо Рацин“ приреди дегустација од студентското мени за органите на управување на УКЛО
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во ОУ “Гоце Делчев“ одбележана 151 годишнина од раѓањето на нивниот патрон
- Билтен на МВР: групна тепачка во 3 часот наутро, приведување заради марихуана, каснување од куче скитник
- Чествување по повод 151 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев
- Одбојкарките стартуваа со дерби на двете најдобри екипи во Втората лига, Митковски очекува да се “гине“ во Штип
- СВР Битола: ноќеска 14 возачи под дејство на алкохол