Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: повредена жена-пешак на “4-ти Ноември“, кривична за 21 годишна битолчанка-пијана излетала од коловоз, превентивни активности

На 30.11.2022 во 17.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. „4 Ноември“ во Битола, патничко моторно возило „нисан“ со грчки национални ознаки, управувано од 37 годишно лице од село Јанкоец, ресенско, удрило во жена, пешак на возраст од 57 години од Битола.  Во несреќата, пешакот, се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во Клиничка болница Битола.  Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Битола.

СВР Битола поднесе кривична пријава против 21 годишно лице од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и ,,загрозување на безбедноста во сообраќајот“. На 28.11.2022 на магистрален пат Битола – Ресен, пријавената под дејство на алкохол, управувајќи патничко возило, со возилото излетала од коловозот, при што совозачот починал од здобиените повреди, а таа се здобила со телесни повреди.

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола реализираа едукативна работилница во основното училиште “Даме Груев“ во Битола, а во рамки на превентивниот проект “Безбедност во училиштата“. Говорејќи за основната тема на овој проект – превенција од насилството меѓу учениците – полициските службеници на учениците им презентираа искуства и практики како да се превенираат различните форми на насилство каде што учесници или жртви се децата, почнувајќи од врсничкото насилство, семејното насилство, насилството на социјални мрежи и на спортски натпревари. Посебен осврт на работилницата беше посветен за појавата на насилно однесување на учениците во самите училишта и во училишните дворови.

More from ВестиMore posts in Вести »