Press "Enter" to skip to content

Во дворот на ОУ “Ѓорѓи Сугарев“ засадени 33 садници

Во соработка со Здружението „Ромска ѕвезда“, во училишниот двор на ова училиште, денес беа засадени и 33 садници.

Директорот на училиштето, Роберт Филиповски, изрази јавна благодарност за поддршката која ја добива училиштето од општината, а истакна дека со денешната активност и на здружението „Ромска ѕвезда“, се потврдува и соработката со невладиниот сектор.

Градоначалникот Коњановски, најави дека, општина Битола, преку Програмата за активности во областа на спортот и младите за 2023 година, планира продолжување на ваквите активности кои ќе се реализираат за подобрување на надворешната спортската инфраструктура и замена на дотраените спортски реквизити или поставување на кошаркарски табли, ракометни и фудбалски голови, како и поставување на пристапни рампи во спортските објекти.

More from ВестиMore posts in Вести »