Press "Enter" to skip to content

Нов кабинет за психомоторна репродукција во ОУ “Ѓорѓи Сугарев“

Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес го отвори новиот кабинет за психомоторна репдукација во Центарот  за поддршка на учењето на децата со попречености при ООУ „Ѓорѓи Сугарев“.

Средствата за опремување на кабинетот се обезбедени од општина Битола, преку програмата за активности во областа на спортот и младите во делот на адаптација на спортски игралишта и спортски сали прилагодени за лица со попреченост. 

Со ставањето во употреба на овој кабинет ќе се овозможи отстранување или ублажување на специфичните потешкотии во повеќе области од сензомоторниот развој и психомоторното однесување на ученикот со попреченост, а со тоа и успешно учење и развој.