Press "Enter" to skip to content

ФК Пелистер: новата трибина го помина техничкиот прием, пуштени во продажба билетите за дербито по цена 100 денари

ФК Пелистер од Битола ги известува своите симпатизери, навивачи, љубители на фудбалот и граѓани на Битола дека новата трибина на стадионот “Петар Милошевски“ го помина техничкиот прием и целосно е безбедна и функционална.

Во сабота од 13:00 часот на натпреварот Пелистер – Вардар за прв пат ќе се продаваат билети за новата трибина, чиј капацитет е 4.500 столчиња. За овој натпревар билети по цена од 100 денари ќе се продаваат в петок од 13:00 до 17:00 часот и непосредно пред почетокот на натпреварот на билетарницата во подтрибинскиот простор на новата трибина. За овој натпревар ќе бидат пуштени во продажба 2.500 билети, а во функција ќе бидат секторите 5,6,7.

Гостинските навивачи ќе бидат стационирани во сектор 9, разделени со тампон зона од останатите сектори. На јужната трибина ќе бидат сместени домашните навивачи “Чкембари“, во својот вообичаен сектор, новинарите и дел од службените лица.

Клубот апелира за навремено доаѓање на натпреварот на влезот од градското шеталиште. Во меѓувреме секојдневно се работи на прилагодување на влезовите кон новата трибина.

More from ВестиMore posts in Вести »