Press "Enter" to skip to content

Битола е прв балкански град со туристичка понуда и алатки за лицата со попречености (фотогалерија)

-Претставниците на здружението “Мобилност“ и “Гаус институтот“ прим. д-р Нико Јанков и проф. д-р Игор Неделковски, му ги предадоа 10-те табли со туристичка сигналитика на градоначалникот Коњановски, со цел општината да ги постави во наредниот период пред соодветните културно историски споменици.Денес во Офицерски дом во Битола здружението на лица со телесен инвалидитет на Битола, Демир Хисар и Ресен – “Мобилност“ – Битола и Фондацијата за нови технологии, иновации и трансфер на знаење “ГАУС Институт“ од  Битола, а во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со попреченост 3 Декември,  ги претставенија новите можности за подобрување на пристапноста на лицата со попреченост, до дел од најзначајните културно историски споменици во градот, преку реализација на проектот “Алтернативно туристичко искуство – алтернативно патување“, за кои проф. д-р Игор Неделковски рече:-Денес претставуваме неколку елементи кои ќе ја подобрат мобилноста на лицата со попречености, и туристичата понуда на Битола, која можат да ја користат лицата со попречености но и остантите туристи кои доаѓаат во градот. Се работи за тактилна сигналитика – табли овозможуваат слепите лица преку допир да прочитаат, на Браево писмо, како изгледа културно-историскиот споменик. Покрај таблите имаме подготвен туристичкиот водич за Битола, исто така, напишан на Браеово писмо со тактилни слики, преку кои лицата со оштетен вид можат да прочитаат за културно- историските споменици. Денес ќе претставиме и мобилна апликација за паметни телефони, Bitola – Accessible city tour | izi.TRAVEL преку која сите лица со попречености кога се наоѓаат во близина на овие култуно-истоприски споменици ќе добијат информација за објектот колку е пристапен, колку ката има, колку има скали, до каде можат да се качат и слично, што има во објектот и секако каде може непрелечено да се влегува, и други информации значални за објектот кој сакаат да го посетат.Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски од Неделковски доби подарок макета на Хераклеја, која вети дека ќе биде поставена на видно место во неговиот кабинет, за потсетување дека уште треба да се прави за овие лица, но и гостите од дригите градови да видат на кој начин им се помага на лицата со попречености, при што рече:-Здружението на лица со телесен инвалидитет “Мобилност“ и “ГАУС Институт“ со проектот кој го реализираа, овозможија, Битола за прв пат, да добие туристичка понуда за лицата со попреченост и тоа преку повеќе алатки за пристапен туризам. Со овие алатки Битола, станува прв град на Балканот со организирана туристичка понуда и алатки за лицата со попреченост. Општина Битола ја поздравува реализацијата на проектот и ќе овозможи поставување на новата туристичка сигналитика, согласно дополнувањата кои ќе бидат направени во програмата за урбана опрема и одредените 10 микролакции.  Проектот „Алтернативно туристичко искуство – алтернативно патување“, кој е кофинансиран од Програмата за прекугранична соработка со Грција, ќе овозможи промоција на нашите културни знаменитости, а покрај туристичката сигналитика, Битола ќе добие и туристички водич за лица со попречености, како апликација за мобилни уреди, но и печатен туристички водич за слепи лица и лица со оштетен вид.Нико Јанков, претседател на „Мобилност“ Битола на денешната промоција изрази задоволство што резултатите од проектот се промовираат во текот на јубилејната 35. година од основањето на Здружението и рече:-Мобилност“ од Битола долги години се залага и го подобрува живото на лицата сопопреченост во Битола и во градовите во кои има свои единици. Постојано напоменуваме дека секој може да биде од оваа страна, кај лицата со попречености, па затоа сите треба постојано да делуваме. Ме радува дека имаме соработка со Општина Битола за повеќе проекти. Но, конкретно за ова прилика ќе кажам дека ова е капитален проект во кој се користат највисоки технологии наменети да им го олеснат животот на лицата со оштетен вид, а мислам дека не само што е модерен туку е и радикален чекор напред. Преку овој проект помогама многу во остварување на правата на лицата со попреченост, со поставување на табли на 10 историски споменици во Битола. Таблите се направени од материјал кој не се оштетува од времето, а брошурата е на македонски и грчки јазик со Браево писмо и со апликации за слушање, што ќе им помогне многу на лицата кои се слепи, а не го знаат Браевото писмо, а уште еднаш ќе напоменам дека само 6 проценти од тие лица знаат да читаат.За таблите и начинот на кој може да се користи апликацијата зборуваше експертот во оваа област м-р Јове Парговски, кој рече дека ова е нов начин на кој ќе им се помогне на лицата со попреченост.Парговски заедно со Весна Софронијевска и Ирена Ружин им ги претставија на слепите лица таблите и им обаснија како да се користи новата апликација, а на сите присутни им поделија брошури, а и за здруженијата и нивните катчиња каде се собираат.

-Прва точка во оваа тура е Музејот, па потоа продолжува долж целиот Широк Сокак, опфаќајќи ги Офицерскиот дом, Кино Манаки, Католичка Црква, Саат кулата, Црквата „Св. Димитрија“, Безистенот, Јени Џамија и Исак Џамија. Покрај овие културно-историски споменици, опфатен е и античкиот локалитет Хераклеја, објасни м-р Парговски.

– Секој човек, без оглед дали гледа или не, има различни доживувања за една иста работа. Јас сум воодушевена од фактот што алатките се изработени на начин што е пријатен на допир и лесен за читање и доживување на претставените културно-историски споменици, рече Софронијевска.Инаку, таблите се наменети за десет значајни културно историски објекти во Битола, за Хераклеја, Завод и музеј, Офицерски дом, Католичката црква, Саат кулата, црквата “Св. Димитрија“, Безистенот и џамиите Исак и Јени џамија. Проектот е кофинансиран од Програмата за прекугранична соработка со Грција, од страна на здружението на лица со телесен инвалидитет на Битола, Демир Хисар и Ресен – “Мобилност“ Битола и Фондацијата за нови технологии, иновации и трансфер на знаење ГАУС Институт – Битола. Целта на проектот е да мотивира трансформација на една територија во инклузивна и пристапна туристичка дестинација, како и да го поддржи одржливиот развој на туризмот за природното и културното наследство во прекуграничниот регион.

За настанот да биде пристапен за сите, КИЦ Битола, кој раководи со Офицерски Дом, го промовираше лифт-карот, а благодарение на НУ Завод и Музеј – Битола, на влезот беше поставена и нивната мобилна рампа, која ја позајмија за оваа пригода.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »