Press "Enter" to skip to content

Новата грчка амбасадорка и генералниот конзул во посета на Општина Битола

Ново именуваната амбасадорка на Република Грција во земјава Софија Филипиду, денес ја оствари првата работна средба со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, во присуство на генералниот конзул на Република Грција во Битола, Александрос Видоурис.

На средбата, од страна на градоначалникот Коњановски, амбасадорката беше запозната со можностите и капацитетите кои што ги има Битола во сите сфери на општественото делување. Географската поставеност на градот, овозможува постојана комуникација на жителите од пограничните региони на двете држави, која особено е интензивирана по ковид кризата.

Исто така, се разговараше и за проектите во кои е вклучена  општина Битола во рамките на ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција.

Амбасадорката од своја страна изрази задоволство од веќе постигнатите резултати од заедничкото работење, од трговската соработка и размена, а посочи дека лично, како и преку генералниот конзулат, ќе се залага за уште поинтензивно поврзување и соработка со битолскиот регион.