Press "Enter" to skip to content

Во Битола Пелистер имаше 2:0, но на крајот реми во “вечното дерби“ на мак-фудбалот (фотогалерија)

Пелистер – Вардар 2:2 (2:0)

Во Битола, под Тумбекафе, на стадионот “Петар Милошевски“ вечнотод дерби на македонскиот фудбал, овој пат за жал, во Втората фудбалска лига, заврши реми 2:2, полувреме 2:0 за Пелистер, во натпревар кој сосема го оправда епитетот дерби, со четири гола, навивачки групи, пиротехника…Пелистер поведе со 1:0 од првата вистинска шанса на мечот, со голот на Наумовски во 30. минута, кога Пелистер направи притисок пред голот на вардарци. Во акцијата за голот прво Љамчевски се закани со волеј, Гачевски одбрани, па топката заврши до Китановски и вардаровиот голман изведе двојна одбрана Но  тука Наумовски се снајде најдобри и ја смести топката во мрежата на Вардар за 1:0.Во 43. минута по еден центаршут на Благојче Љамчевски, одлично во казнениот простор се снајде Борче Маневски кој одлично со глава и ја смести топката во мрежата на Гачевски.По двата гола на “пелистерци“ во второто полувреме Вардар прво намали на 1:2 со голот на Христов, кој убави биеше со глава и погоди, а потоа и Марковски во 68. минута израмни на 2:2.По  14 одиграни натпревари екипата на Пелистер со овој бод останува на 4. место на табелата со 27 бода, а прв е Гостивар со 34. Вардар е второпласиран со 33, а на трето место е Воска со 30 бода. 

More from ВестиMore posts in Вести »