Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: ехо на абдомен како скрининг метода за детекција на интестинални промени

Д-р Васил Чипуровски, информира за кои прегледи и испитувања може да ги направите со најсовремени апарати од медицината. Со овие информации добиваме и стручни совети  за интернистички заболувања, нивно откривање и понатамошно третирање, за кои постои голема заинтересираност кај читателите, а овој пат д-р Чипуровски ќе се осврне на ехо на абдомен како скрининг метода за детекција на интестинални промени, за што вели:-Една од поновите примени на ултрасонографијата ехото на абдомен е како скрининг метода во детекција на полипи, колоректални карцином и патолошки промени на мезентеријалните лимфни јазли. Полипите се најчесто во асцендентниот колон и кога се тие мултипли, големи и имаат брз раст е најдобро да бидат хируршки или ендоскопски отстранети како би се избегнала нивната малигна трансформација ехографски се со јасни граници овални различна ехогеност и присутна васкуларизација на колор доплер за разлика од карциномот кој е со нејасни граници интралуминален и некопресибилен најчесто се развива на ниво на десцендентен колон и ректум.

Зголемените лимфни јазли можи да се инфламаторни елонгирани со дијаметар АП над 7 мм и сочуван хиперехогени хилум најчесто во склоп на улцерохеморагичен колитис, кронова болест и гастроенетроколитиси и малигно-метастатски трансформирани со хипо анехогеноа ехотекстура овална форма нејасни граници немање на централен  хилум. Комплементарни методи се контрасната КТ, МРИ, колоноскопијата со биопсија како и  лабораториските тестови за окултно крварење, CA 19-9, CEA при суспектност во дијагностицирање колоректален карцином.