Press "Enter" to skip to content

Ристе Настевски, 25 години “ТИЕРС“ и мото “Quality always pays off!“, квалитетот, најважен во нашата фирма за елктроматеријали и осветлување (фотогалерија)

Жанета Ристевска

“ТИЕРС“ е име на игра на рулет, но и анаграм на моето име Ристе. Долго го барав името и потоа се отвори фирмата. Тоа беше пред 25 години на 1 декември 1997 година се отвори “ТИЕРС“ компанија за електоматеријали и осветлување во Битола.Вака го започнавме разговорот во просториите на “Електро Тиерс“, со кафе кое ни го подготви Ристе Настевски. За почетоците на фирмата “ТИЕРС“ и 25 успешни години работа зборуваше оснивачот и сопственик, Ристе Настевски. За да продолжи Александар Никудиновски кој сега ја превзеде и ќе ја води ребрендираната фирма “Електро ТИЕРС“.-На младите светот останува, јас полека се повлекувам и оставам на нив. Тука ќе доаѓам  за совети и да пиеме кафе, кое го подготвуваме  по рецепт од казиното, и го викаме “казинско кафе“, еве пробајте го и уживајте во аромата. Вака започна Ристе Настевски, кој долги години пред отварањето на “ТИЕРС“ работеше во казина низ регионот.-Долго време работев, повеќе од 10 години, најпрво тука во Битола  казино при хотел “Епинал“. Потоа во  Охрид, Скопје, Украина, Полска… Рецептот за кафето е од тоа време, ме потсетува на убави времиња од младоста, а рецептот не го откривам. После 10 години напорна работа низ казина, после заминување, долго време се мислев како понатаму. Тоа беше време на транзиција и отварање на приватни бизниси во дражавата. Решив и јас да се опробам. Долго време го барав името. И на крај ми дојде “ТИЕРС“ тоа е име на игра на рулет. Исто така се поклопи и ги содржи буквите, претставува  анаграм на моето име Ристе. Мислам дека беше полн погодок, “ТИЕРС“, фирма за електроматеријали и осветлување Започнавме во еден мал простор, дуќанче во пазарот. Подоцна се преселивме тука на улица Булевар “1 ви Мај“. Се сеќавам беше овој период декември месец, пред новогодишните и божиќни празници.  Уште на почетокот водечка мисла и слоган беа “Quality always pays off!“, а најважно ни беше да соработуваме со најдобри фирми за електро материјали и осветлување односно овој вид роба. Затоа за овие 25 години постоење името “ТИЕРС“ стана бренд за квалитетна роба и се издвои.  Во тој период и понатаму ја имаше оваа роба по многу пониски цени, но квалитет никаков. Затоа ако некој опремуваше свои стан, куќа, деловен простор купуваше роба од кај нас. Многу згради, фирми, деловни простории се целосно опремени со наша роба. Денес ги опремуваме со електро материјали и т.н „смарт“ згради комплекс “Шералти“.Еве  кажав како започна успешната приказна за “ТИЕРС“. Сега им оставам да продолжат младите. Јас ќе бидам  тука за нив само да ги посоветувам со моето искуство. Имено, мојата ќерка Марија и зетот Александар  работеа во Скопје, кои одлучија да живеат во Битола, каде животот повеќе им одговара заради децата. Одлучија да ја преземат фирмата, се ребрендиравме и продолжуваат младите, бидејќи на нив светот останува, вели Ристе.Што може да биде поголема среќа за еден човек, тука до него да  му бидат децата и внуците. Сега се им препуштам на нив.

Разговорот го продолживме со Александар кој сега ќе ја води ребрендираната фирма “Електро ТИЕРС“.Продолжуваме со ентузијазам, за и следните 25 и повеќе бидат успешни. Слоганот дека кавилетот се исплатува секогаш и нас ќе ни биде на прво место. Како што гледате сега овој период се одликува со подготовки за Новогодишните и Божиќните празници. Покрај другата роба сега тука се најразновидни сијалички во сите должини… новогодишни украси… убав период. Ја подготвуваме 5 метарската новогодишна елка која ќе се постави во дворот на еден реномиран ресторан, заврши Александар со ентузијазам.На 25 годишнината од оснивањето на “ТИЕРС“, Ристе Настевски може мирно да го пие своето кафе, оставајќи  ја својата фирма во сигурни раце. Најголемото богатсво всушност тој го направи.