Како и се најавуваше така и беше денес во Битола, под Тумбекафе, каде покрај битката за бодови на теренот, на трибините имаше и навивачка битка помеѓу “Чкембари“ – Битола и “Комити“ – Скопје.“Чкембарите“ кои се обединија од цела Битола, Ушици, Баир, Центар, Карпош, Нова Битола… овој натпревар го одбележаа онака како и доликува, без инциденти, но со се она што значи навивање и поддршка на својот тим.
Имаше пиротехничко шоу со многу бакли, најмногу во зелена боја, се пееја навивачки песни, имаше знамиња, шалови…
И на “чкембарската трибина“ од сите возрасти, тука беа ветераните, младите бригадири… се на се натпревар кој од навивачка гледна точка уште долго ќе се коментира, но и ќе се жали за двата неосвоени бода по ремито во Битола.
Низ фотографии ќе се обидеме да доловиме како беше на трибината каде се наоѓаа “Чкембарите“.

“Чкембарите“ во Битола со пиротехничко шоу, навивачки песни, транспаренти, знамиња, шалови… недостигаше само победа (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Реми на Пелистер во претпоследното коло против Силекс
- Деновиве пред 10 години: Битола во мај 2015 година изгуби дбе урбани легенди, Такецо и Сотир Главинче
- СВР Битола: две пријави за физички напади
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели
More from СпортMore posts in Спорт »
- Реми на Пелистер во претпоследното коло против Силекс
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели
- Првиот ракометен трофеј оваа сезона во Битола – го донесоа кадетите на Еурофарм Пелистер
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Вечер мајсторка за полуфинале, Илиевски верува во кошаркарите и пласман во полуфинале