Ако денешниот второлигашки натпревар во Битола ќе остане во фудбалската антологија како вечно македонско дерби кое се играше во Втората лига и заврши нерешено, денешниот ден ќе остане запишан во фудбалската историја на Битола, како ден кога беше отворена за гледачи, новата трибина на стадионот под Тумбекафе.На денешниот натпревар на новата трибина имаше 2.500 гледачи, кои заедно со 1.000 “Чкембари“ направија одлична фудбалска атмосфера, но за жал без целосна радост, бидејќи иако “пелистерци“ имаа 2:0, натпреварот заврши реми, 2:2.
Новата северна трибина на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола е изградена со општински пари, околу 7 милиони евра, е организирана е во 19 – 21 ред со 4.618 места за посетители, 146 места за почесни гости, кабини за новинари (12), кабини за коментатори (2) со 8 места, во согласност со пропозициите на УЕФА.
Просторот под трибина е распределен на три нивоа, додека четвртото ниво е над самите трибини, односно претставува дел од трибинскиот простор, бидејќи се наоѓа во негово продолжение.
Денес поддршка на Пелистер од новата северна трибина, заедно со големите фудбалски имиња даде и градоначалникот Тони Коњановски со неговиот тим, а тука беа и советниците, директорите на јавните претријатија, дел од опозицијата, пратеници… Тука беа кошаркарите на Пелистер, ракометарите на Еурофарм Пелистер, а сите со желби тука да гледаат натпревари за титули, тука да ја гледаат македонската репрезентација, меѓународни натпревари…

2.500 битолчани уживаа во дербито на мак-фудбалот, на новата трибина, отворена денес по сите УЕФА стандарди (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во ОУ “Гоце Делчев“ одбележана 151 годишнина од раѓањето на нивниот патрон
- Билтен на МВР: групна тепачка во 3 часот наутро, приведување заради марихуана, каснување од куче скитник
- Чествување по повод 151 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев
- Одбојкарките стартуваа со дерби на двете најдобри екипи во Втората лига, Митковски очекува да се “гине“ во Штип
- СВР Битола: ноќеска 14 возачи под дејство на алкохол
More from СпортMore posts in Спорт »
- Одбојкарките стартуваа со дерби на двете најдобри екипи во Втората лига, Митковски очекува да се “гине“ во Штип
- Валтер по поразот во Нашице: тешко со две исклучувања против Нексе
- Втор пораз на Еурофарм Пелистер во СЕХА лигата во Нашице од Нексе
- Стефани Најдановска, капитен на Пелистер Волеј: целиме кон првото место и влез во повисокиот ранг
- Општинскиот Сојуз на спортови ќе ги избере најдобрите спортисти и екипи на Битола за 2022, пријави до 6 февруари